| | |

(Видео) Ковачев со порака до Мицкоски и Муцунски: Во интерес на македонските граѓани е, преговорите со ЕУ да започнат што побрзо

Убеден сум дека во Скопје многу добро разбираат што треба да направат – да почнат да ја спроведуваат преговарачката рамка што самите ја прифатија и која е основата на нивниот европски пат. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, како вовед во видео коментар во врска со усвоениот од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент извештај за „напредокот“ на Република Северна Македонија.

„Време е да престанат да го користат како удобно оправдување „лошиот источен сосед“ и сопствената одговорност да ја префрлаат врз Бугарија. Вистината е јасна – нема вето од Бугарија. Постојат европски услови, договорени и прифатени од сите земји членки, вклучително и од самата Северна Македонија.

Прифатените амандмани во извештајот за напредокот на Република Северна Македонија

Додека овие обврски не бидат исполнети, напредок кон членство не може да има. Не поради Бугарија, туку поради одбивањето на властите во Скопје да ги реализираат обврските што самите ги презеле.

Европската интеграција бара реформи, исполнување на преземените обврски и почитување на добрососедските односи. Сè друго претставува обид за одвлекување на вниманието од вистинскиот проблем“, стои во објавата на Ковачев.

Во продолжение погледнете го неговиот видео коментар и повикот до премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски:

Слични Објави