Борис Дрангов- учителот на бугарската војска

//

Пишува: Проф. д-р Пламен Павлов/Труд

Како што пишува Борис Дрангов, Бугарија чувствува „… итна потреба од морални великани, а не од морални кастрати…“

На 26 мај 1917 година тешко ранетиот потполковник Дрангов умира со зборовите: „Колку многу посакувам уште да служам на Бугарија…“ Пред 150 години на 3/15 март 1872 година во Скопје, во поробената бугарска земја Македонија се раѓа Борис Дрангов, легендарен воен педагог, личност, којашто децении „зрачи“ за илјадници Бугари со својот патриотизам, висок морал и железна волја. Меѓу многуте оценки за познатиот офицер и борец за национално обединување би ја издвоиле карактеристиката „Посветен за националното рицарство!“, која му е дадена од проф. Светлозар Елдров – зборови, коишто многу точно ги одразуваат заслугите на оваа исклучителна личност.

Борис Дрангов е роден во семејството на трговецот Стојан Дрангов, буден човек, дарител на бугарската црква и култура во поробена Македонија. Самото име „Борис“ е доволно силна илустрација за здравиот бугарски дух на семејството, а и на старото Скопје со неговите преродбенски традиции. Борис е првенец по успех во Бугарското машко педагошко училиште во Скопје, чијшто директор е Христо Матов (1869-1922) – еден од интелектуалните стожери на ослободителната борба на македонските Бугари. Воден од својот патриотизам, во 1891 година младиот македонски Бугарин пристапува во Военото училиште во Софија. Служи заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов, Петар Дарвингов, Христо Саракинов, Јордан Венедиков и ред идни офицери и борци за ослободувањето на Македонија и Одринска Тракија. Во истото време директор на училиштето е Кирил Ботев, брат на генијалниот поет и војвода Христо Ботев. Дали воопшто треба да напомнеме, дека Христо Ботев е еден од најсветлите примери на бугарската младина, особено во Македонија и Одринска Тракија.

Учењето во Военото училиште не поминува мирно , како чесен човек и принципиелен противник на секоја несправедливост, Дрангов не ги трпи безропотно каприците на „началството“. Тој е казнет, дури и деградиран…

Подобна случка има и во биографијата на Гоце Делчев, во врска со коешто акад. Ефрем Каранфилов одбележува: „Двајцата млади Бугари имаат за крајна цел не да станат офицери, коешто ги возбудува повеќето питомци, а откако ќе станат офицери, да можат да служат најдобро на Татковината.“ На тоа Проф. Елдров додава: „После исклучувањето Делчев заминува да служи на Татковината преку Револуцијата. Дрангов прифаќа да ја продолжи воената обука, за да служи преку Армијата…“

Испратен во коњичкиот полк во Пловдив како обичен војник, заради своите квалитети и беспрекорна служба Дрангов е вратен како питомец во Военото училиште. Во 1895 година е произведен во чин потпоручник, служејќи последователно во Пловдив, Лом и Радомир. Уште во тие години тој го пројавува својот талент на воен педагог, теоретичар и публицист, пишувајќи за весници и списанија. Неговата „Пробна програма за обука на младите војници и десетари“ му спечалува завиден авторитет и популарност во воените средини.



Во навечерието на Илинденско – Преображенското востание во 1903 година младиот офицер без колебање ја напушта воената кариера за да се вклучи во ослободителната борба. Влегува во одредот на поручник Владислав Ковачев, негов сограѓанин од Скопје и војводата Атанас Бабата. За неговата офицерска подготовка говори развојот на акцијата, коешто специјално е одбележано од Ковачев. Се поубеден, дека поробена Македонија нема како да биде ослободена без бугарската армија, во 1904 година Дрангов победува на конкурс за специјализација во Николаевската генералштабна академија во Петербург. После завршувањето во 1907 година служи како штабен офицер со чин капетан во Трново, Шумен и Софија. Во 1910-1912 година заедно со неговите колеги Александар Протогеров, Климент Крстев и Петар Дарвингов е на чело на револуционерната група од бугарски офицери, која го наследила Врховниот Македоно-Одрински комитет.

Како началник на генералштабот на 1-ва бригада од 1-ва пешадиска дивизија (нејзин командир е генерал Стефан Тошев) Дрангов учествува на фронтовите на двете Балкански војни (1912-1913). Во Првата светска војна е командир на 5-ти пешадиски полк од 11-та Македонска дивизија. На чело на своите борци учествува во победоносните борби против Срби и Црногорци при Калиманци, Кочани и Штип, како и во последователното одбивање на англо-француските агресори кај Криволак. На 15 мај 1916 година лично главниот командант на армијата генерал Никола Жеков го назначува потполковник Дрангов за началник на новоформираната Школа за резервни потпоручници во родното му Скопје. Нејзиното итно отворање се наложува поради загубата на стотици офицери по фронтовите. Во школата пристапуваат над илјада души – вишисти и студенти од најразлични специјалности, способни млади командири и војници. Под вештото раководство на Дрангов разноликата маса од младинци со различни карактери, политички убедувања и пристрастија се претвора во корпус од способни офицери. Меѓу нив ги наоѓаме имињата на идни министри, офицери, генерали, лекари, писатели, инженери – Стојчо Мошанов, Јордан Бадев, Крум Кјулјавков, Асен Јорданов, Чудомир и многу други – целата палета на бугарската интелигенција меѓу двете светски војни. Најживо „Дранговата школа“, како што е нарекувана од современиците, е претставена во книгата „Јас служев при Дрангов“ (2017) на Красимир Узунов, којшто чувствуваше особена почит кон „Учителот (со голема буква!) на бугарската војска“. Само за неколку месеци „резервната“ школа се претвори во модел за воено образование и национално воспитание. Вдахновениот труд на Дрангов дава убедлив пример на одговорност и надпартијност, на длабоко осознаениот, од неговите воспитаници, долг за обединување и просперитет на Татковината. И на свесната убеденост, дека националната кауза е неостварлива без силна, борбено способна и образована армија. Имено низ овие неколку месеци Борис Дрангов ја пишува и издава во Скопје својата легендарна книга „Помни войната!“

Исполнувајќи ја поставената задача, во септември 1916 година потполковник Дрангов се враќа на фронтот, овој пат како началник на генералштабот на 1-ва пешадиска дивизија на Добруџанскиот фронт. На 18 март 1917 година е назначен за командир на 9-ти пешадиски Пловдивски полк од 2-ра пешадиска дивизија, којашто се бори на река Црна во Македонија. Тешко ранет при артилериско гранатирање на 26 мај 1917 година, потполковник Дрангов умира со зборовите: „Колку многу посакувам уште да служам на Бугарија“.

Во светлиот животен пат на Борис Дрангов борбата за душите и умовите на младите Бугари, од една страна, и таа за градењето на борбено способна војска, од друга, се соединуваат по неповторлив начин. Служејќи на различни командирски места во активната армија, Борис Дрангов ниту за миг не се оттргнува од неговата мисија на „воен Учител“. Како што спомнавме, уште од крајот на XIX в. неговата „Подробна програма за обука на младите војници и десетари“ е прирачник за стотици негови колеги, која до 1910 година има осум изданија! Борис Дрангов е автор на стотици статии и брошури, анализи и учебни помагала, посветени на најважните аспекти од градењето на бугарската армија – како вооружена сила, така и како фундаментална институција за национално воспитување. Раководно начало е идејата за градење на силна, но и просветена армија, армија од образовани, учени и способни синови на Бугарија! Без сомнение оваа мисија го сродува Борис Дрангов со титаните на Бугарската Преродба. И затоа е уште повеќе за осуда, што неговата личност и неговите дела се игнорирани со децении во времето на комунистичкиот режим, „воспитувајќи ја“ бугарската армија на верност кон „Партијата“ и една туѓа држава, којашто не се откажала од својата империјална мегаломанија и денес.

Борис Дрангов ни остави теоретско и публицистичко наследство, коешто и до денес не е потполно проучено, собрано и анализирано. Не можеме да не се согласиме со заклучокот на Красимир Узунов, дека некогаш познатите мисли или мудрости на „воениот Учител“ и денес, век покасно, „… продолжуваат да звучат како најжестоката пресуда над безвремието и апатијата во нашето денешно општество, коишто го претвораат националниот нихилизам и недостатокот на вредности во задолжителна норма на поведение и даваат сигурна гаранција за лично издигнување…“ Уште нешто, колку се верни зборовите на Борис Дрангов – за да ја има Бугарија, нашето општество чувствува „… итна потреба од морални великани“, а не од „морални кастрати“. И дека нацијата треба да се води и инспирира од возвишени карактери!“ Вистина, поверна од секогаш.



Претходна статија

Маверик и Јована

Следна статија

Дали навистина д-р Христо Татарчев „не настрадал“ од Тито

Најново од Истакнато