| |

ПРОМЕНА НА ВЛАСТА ВО ГРЦИЈА, НО БЕЗ ПРОМЕНА НА СТАВОТ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Политички препукувања, влијание врз изборните резултати, загуба за малите партии, промена на политичката сцена, целосно или делумно предизвика Договорот од Преспа на грчката политичка сцена во 2019.

Минатата година започна во знакот на решението на проблемот меѓу двете земји, со оглед на тоа дека топката се префрли на грчки терен, а по ратификувањето на Договорот следеше и бурен предизборен период, три изборни процеси, изборен пораз на СИРИЗА и промена на власта во Грција, промена која не донесе и промена во ставот во однос на Договорот ,јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Канал 5.

Иако Нова демократија, во предизборниот период настапи со остра реторика за Договорот, по преземањето на власта, ја омекна позицијата, поддржувајќи со ставот дека земјата има континуитет, Договорот е веќе потпишан и ратификуван, а Грција ќе го почитува како што и од другите бара да се придржуваат кон меѓународното право (политиката во однос на Турција). Кусо по француското вето за доделување датум за членство на Македонија во ЕУ, грчката дипломатија се активираше со иницијативи за поддршка и промоција на европската перспективата на Скопје и Тирана.

Грција помина „жежок” почеток на 2019. Во период помал од еден месец, парламентот имаше три критични гласања: за доверба на тогашната влада, за ратификација на Договорот од Преспа и за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Ципрас како премиер „го загуби” коалициониот партнер Каменос, Река и Независни Грци останаа без пратенички групи, пратеници кои го поддржаа Договорот се соочија со сериозни закани по нивните животи, нападнати домови со молотови коктели.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави