Фон дер Лајен: Путин мора да започне мировни преговори за Украина
Рускиот претседател Владимир Путин мора да започне мировни преговори за Украина. Ова го изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, по разговори со претседателите на САД и Украина – Доналд Трамп и Володимир Зеленски, јави АФП, пренесува БГНЕС.
Апелот на Фон дер Лајен доаѓа во услови на континуирана неподготвеност на Кремљ да одговори на напорите на Трамп за организирање директни разговори меѓу Путин и Зеленски со цел запирање на руската агресија.
„Току-штo разговарав со претседателот Зеленски, а потоа и со претседателот Трамп, по повод масовниот удар врз Киев, кој ги зафати и канцелариите на ЕУ. Путин мора да седне на преговарачката маса,“ напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа X.
„Мора да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и сигурни безбедносни гаранции,“ додаде таа.
Претседателката на ЕК нагласи дека „Европа ќе ја одигра целосно својата улога“, акцентирајќи на новата голема програма на ЕУ за финансирање на оружје за Украина.
