|

Сејф сити ќе почне да ги регистрира прекршоците од 1 јануари 2026 г., претходно ќе има пробен период

Од 1 јануари 2026 година системот „Сејф сити“ официјално ќе почне да ги регистрира и санкционира сообраќајните прекршоци. Од декември годинава, ќе се спроведува тест период.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека во првата фаза проектот ќе биде применет во Скопје и уште два града, а до средината на 2026 ќе опфати цела држава.

Во меѓувреме, од МВР најавуваат и засилени полициски контроли низ целата држава. Со оглед на црните статистики, ќе се одземаат возачки дозволи и возила, а за дел од прекршителите ќе има и затворски казни.

Во РС Македонија има речиси двојно повеќе жртви од европскиот просек – приближно 150 загинати годишно во сообраќајни несреќи.



Слични Објави