| |

СДСМ СО РЕАКЦИЈА НА „ЛАГИТЕ“ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА АНЃУШЕВ И ФЕНИ

Лажните вести и измислените случаи на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прикријат спрегата помеѓу Никола Груевски и негиот пион Христијан Мицкоски.

Наместо да измислува непостоечки случаи, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да објасни како Мицкоки од Владат на Груевски кадешто бил советник добил согласност за користење води и закуп на земјиште да гради хидроцентрали.

Денешните лаги изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се веќе демантирани, а еден медиум којшто ги објави веќе се извини за изнесените невистини.

Како што соопшти споменатата компанија, нема земено ниту еден денар од УЈП, по основ на каков било долг од „Фени“. Истовремено, според компнаијата, никогаш нема реализација на споменуваниот долг и не била никогаш ставена во редот на доверители во предстечајната постапка на „Фени“.

Начинот на уредување на односите во процесот на стечај на „Фени“ и неговите доверители се дел од постапка кадешто вицепремиерот Анѓушев нема никакви ингеренции и истата се спроведува согласно Законот за стечај.

Компанијата „Фени’ која поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ беше пред пропаст денес работи и функционира нормално.

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на лажни вести и одбрана на криминалот на Груевски во која се заглавени, се вели во писмената реакција на СДСМ.



Слични Објави