(Галерија) Учесници од 32 земји на летен семинар за бугарски јазик и култура во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново
Учесници од 32 земји ќе бидат дел од Летниот семинар за бугарски јазик и култура организиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Велико Трново, што започна денеска во старата бугарска престолнина, јавува БНР.
Универзитетот во Велико Трново собира студенти, докторанти, преведувачи, музичари, полицајци, наставници и државни службеници од Европа, Америка и Азија, кои три недели ќе ги изучуваат бугарскиот јазик и култура, народни песни и ора. Тие ќе имаат предавања по бугарска историја и современата бугарска кинематографија и за првпат часови по бугарска митологија.
Учесниците на семинарот за бугаристика во Велико Трново годинава се 88, објасни вонредниот професор Валерија Тодорова, заменик директор на семинарот.
„Најмногу учесници годинава има од Турција – шест. Има по пет од Италија, Германија, Полска, Романија и Јапонија. Најмладата учесничка е Александра Хежинова од Чешка, која има 17 години. Најстариот учесник е Жан Роби од Италија и има 74 години“, додаде таа.
Учесниците на семинарот ќе посетат различни културни настани во Велико Трново, Арбанаси, „Ет’ра“ во Габрово и Трјавна, а последните денови ќе посетат бугарското Црно Море.














