Претстои збратимување на општините Крива Паланка и Ќустендил
Предстои потпишување меморандум за соработка меѓу општините Крива Паланка, Северна Македонија, и Ќустендил, а се подготвува и заедничка седница на двата општински совета со цел зајакнување на врските и дијалогот меѓу претставниците на локалната власт, како и збратимување меѓу двете општини. Ова го соопшти градоначалникот на општина Ќустендил, инж. Огњан Атанасов, пренесува БНР.
„Се зајакнуваат врските и дијалогот меѓу претставниците на локалната власт меѓу Ќустендил и Крива Паланка“, истакна Атанасов, кој неодамна беше награден со плакета од Општина Крива Паланка за помошта и учеството на бугарски пожарникари во гаснењето на пожарите во реонот на градот.

