|

РУСКИ АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТАЛ ВО АНТАЛИЈА

Патнички авион на руската авиокомпанија „Нордвинд еирлајнс“ имал потешкотии за време на слетувањето на аеродромот во Анталија, соопшти турскиот портал „ Erporthaber“.

Авионот летал од Москва, а пилотот на авионот „A321-200“ побарал принудно слетување на турскиот аеродром заради чад, за време на самото слетување едно тркало на авионот удрило во трупот и го деформирало.

За сега нема податоци за повредени лица.

Порталот „Рапа тудеј“ наведува дека од слетувањето бил оштетен подот на авионот, како и дека за време на слетувањето предниот дел од авионот ја допрел пистата.

На фотографиите од несреќата се гледаат оштетувања на предниот дел од авионот.

Се додава и дека не е јасно дали во моментот на несреќата имало патници во авионот, но според наводите на медиумите авионот бил празен.

Слични Објави