ЗАБРАНЕТ Е ВНЕСОТ НА ПРОИЗВОДИ ШТО СОДРЖАТ СВИНСКО МЕСО, КАКО ПРЕВЕНТИВА ЗА АФРИКАНСКАТА ЧУМА

//

Министерството за земјоделство ги превзема сите мерки да спречи болеста „свинска чума“ да влезе во земјава. На граничните премини веќе е забрането да се внесуваат сувомесни производи што содржат свинско месо, бидејќи и тие можат да бидат потенцијален пренесувач на заразата.

Договорена е и контрола на отпадот на туристите од страна на Агенцијата за храна и Јавното претпријатие за паркинзи.

„Разговаравме со АХВ и со ЈП за паркинзите, каде треба да се внимава, бидејќи сега на минување имаме туристи кои ќе застанат на паркинг, кои може да користат вакви намирници, и потоа ги оставаат во контењер, исто така се работи и на таа организација“, вели Трајан Димовски, министер за земјоделство.

Отстрелот на дивите свињи кои се најчести преносители се дозволи два месеци порано, а во оние ловишта на кои им се одземени концесиите, ловните дозволи ќе ги издава ЈП Македонски шуми.





Претходна статија

ПИЛОТИ УАПСЕНИ ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ, БИДЕЈЌИ БИЛЕ…ПИЈАНИ

Следна статија

ОТКАКО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕГА МАСКИРАН КАКО СВОЈАТА ЌЕРКА ДА СИЛВА СЕ ОБЕСИЛ ВО СВОЈАТА ЌЕЛИЈА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да