БРОЈЧАНИКОТ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВРТИ: НОВИ 74 ИЛЈАДИ ЕВРА КАЗНИ ЗА ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ОГРАНИЧУВАЊЕТО
Основното јавно обвинителство Скопје предложи казни од по 2.000 евра за 37 лица кои не го непочитувале полицискиот час.
Од ЈО информираат дека сите обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час.
