|

ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА НОВИТЕ МЕРКИ ПРОТИВ КОВИД-19

Владата денеска во 13 часот ќе одржи седница на која ќе ја разгледа состојбата со кризата предизвикана од епидемијата на корона вирусот во Македонија и евентуалните понатамошни мерки што ќе бидат преземени.

Како што информираат од Владината прес-служба, седницата ќе се одвива преку видео-интернет комуникација.

За заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.

Слични Објави