ВО РУСИЈА ЗАРАЗЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 150 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ
Бројот на нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа во Русија пораснал за 10.102, соопшти денес националниот кризен центар.
Во Русија од почетокот на пандемијата се заразени 155.370 луѓе.
Националниот кризен центар објави дека 95 пациенти починале, со што бројот на починати е зголемен на 1.451.
Руските медиуми наведуваат дека скоро 222.500 лица се под медицински надзор заради сомнеж дека се заразени со коронавирус.
Сојузната служба за заштита на правата на потрошувачите соопштила дека до сега се извршени повеќе од 4,4 милиони тестирања на присуство на вирусот.
-Од почетокот на пандемијата вкупно 806.709 луѓе биле под медицински надзор во Русија. Под надзор се уште 222.510 лица, се истакнува во соопштението, пренесе руската новнска агенција „ТАСС“.
