ТРАМП СЕ ШЕТАШЕ НИЗ ФАБРИКА БЕЗ ЗАШТИТНА ОПРЕМА: „НЕ САКАМ ДА МЕ ВИДАТ НОВИНАРИТЕ КАКО НОСАМ МАСКА“

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да носи заштитна маска при посетата на фабртика „Форд“ во Мичиген, а потоа беше наречен како „разлигавено дете“ од државната обвинителка.

По посетата, Трамп им соопшти на новинарите дека претходно ја носел маската, додека не го снимале камерите.

„Не е неопходно носење маска, се тестирав. Но, ја носев претходно. Не сакав да им го дадам тоа задоволство на новинарите да ме видат како носам маска“,

Извршниот претседател на компанијата, кажа дека тоа било одлука на Трамп.

Американскиот претседател во едно излагање рече дека нема да носи маска.

„Претседателот Трамп е како разлигавено дете кое одбива да ги следи правилата. Ова не е шега“, изјави државната обвинителка на Мичиген, Дејна Несел.