Претседателката Јотова ги почнува консултациите за службен премиер на Бугарија
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ги почнува консултациите за службен премиер, јавува БГНЕС.
На 27 јануари со почеток од 11:00 локално време таа ќе одржи средба со претседателката на бугарскиот парламент Раја Назарјан. Разговорот се реализира во согласност со член 99, став 5 од Уставот, во врска со постапката за именување службен премиер од кругот лица утврдени во основниот закон.
БГНЕС потсетува дека според новите правила во таканаречената „домовна книга“ со можни премиери, изборот е ограничен. Прва на списокот е претседателката на Народното собрание Раја Назарјан. По неа следува гувернерот на БНБ Димитар Радев, како и неговиот заменик Андреј Ѓуров, кој, сепак, е отстранет од Управниот совет на БНБ поради постапка на антикорупциската комисија. Меѓу можните кандидати е и претседателот на Државната ревизорска институција Димитар Главчев, кој беше и првиот службен премиер според новите уставни правила. Кандидати за службен премиер би можеле да бидат и Омбудсманот на Република Бугарија Велислава Делчева, како и нејзината заменичка Марија Филипова.
