|

ВО ЧЕСТ НА МЕСЕЦОТ РАМАЗАН БЕСПЛАТЕН ЛЕБ ЗА СИТЕ СЕЛАНИ ВО КИЧЕВСКО ЦРВЕВЦИ

Во кичевското село Црвeвци, лебот на селаните се дели бесплатно во чест на месецот Рамазан.

Сопственик на еден дуќан во селото, соопштил жител на селото решил да го плати лебот што ќе се потроши за време на светиот месец Рамазан, па така лебот на сите жители во селото секојдневно им се дели бесплатно и тоа не само во една продавница туку во сите три колку што ги има во селото. Сопственикот на дуќанот вели дека донаторот сака да остане анонимен.

Селото Црвевци се наоѓа на само пет километри на северниот дел од Кичево покрај локалната магистралата према Осломеј од левата страна и е едно од најубавите села во овој регион на Кичево, има околу 450 куќи, секоја поубава од другата и над 2 000 жители, но за жал над половина од жителите се во печалба.

Слични Објави