31 година од прогласувањето на планината Рила за национален парк во Бугарија
На денешен се навршуваат 31 година од прогласувањето на најголемиот национален парк во Бугарија – Националниот парк Рила, јавува БГНЕС.
По овој повод Дирекцијата „Национален парк Рила“ организира „Денови на националниот парк Рила“.
Иницијативата опфаќа одржување на тематски активности за деца и возрасни во конференциската сала на Регионалниот историски музеј – Благоевград и во некои од општините во непосредна близина на паркот.
Предвидена е и свечена програма во која учество ќе земат партнери и пријатели на паркот.