| |

ГДУ-ШТИП СО УЛТИМАТУМ ПОРАДИ ОПАСНОСТА ОД ЗАГРОЗУВАЊЕТО НА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЧИЊАТА

ГДУ прашува: До кога депонии во близина на училишта? Како пример ги наведоа купиштата смет кои се наоѓаат на само 20-тина метри од училиштето во штипската населба Баби.

„Ако општинските служби и јавните претпријатија не го решат проблемот, за кој земаат плата од нашите даноци и други давачки, до сабота-28 септември, тогаш ние граѓаните ќе го решиме.

Се обраќаме до целата штипска јавност и особено граѓаните на населбата „Баби“, не како претставници на политичка партија туку како родители. Ако проблемот не се реши до сабота, ве покануваме заедно со нас, на работна акција, во 12 часот тука на истото место, да го исчистиме просторот и да го решиме проблемот“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ГДУ-Штип, Борче Пачемски.

Слични Објави