„Во врска со прашањата поврзани со старите гаражи на ЈП „Стипион“, Општина Штип ја информира јавноста дека тие биле срушени од страна на ЈП „Стипион“ врз основа на Одобрение за отстранување на постоечки објекти-гаражи, магацин и канцеларии донесено од тогашниот градоначалник на Општината Штип, Илчо Захариев. Со рушењето на објектите, плацот станал чист, неоптоварен со објекти и истиот можел да биде ставен на продажба како градежна парцела. Програма за располагање на градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на Општина Штип за 2016 година во која е предвидена продажба на оваа парцела донесена е на седница на Совет на Општина Штип што се одржала на 25.12.2015 година и на која гласале „за“ 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „воздржани“ 8 советници од СДСМ.
По донесената Програма во 2016 година распишан е јавен оглас на кој предметната парцела ГП 1.3 со површина од 3.680 м2 за изградба на хотел е продадена на приватен субјект. Тоа е потпишано од поранешниот градоначалник на Општината Штип, Илчо Захариев. Општина Штип веќе е во постапка на дислокација на дел од градежниот материјал – сопственост на ЈП „Стипион“ од локацијата кај автобуската станица на друга локација, која ќе биде објавена во најскоро време.“, одговорија од Општина Штип, по писмената реакција од страна на политичката партија Граѓанско Демократска Унија.
Најново од Вести
Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење попладнево околу 18:30 часот на патот под АГРИА
Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на
Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да