|

Си ја убил мајка си додека се обидувал да прободе друг маж

Маж случајно си ја избол мајка си додека се обидувал да прободе друг маж со нож, наводно во самоодбрана.

Џејми Демпси ѝ забил нож на мајка си Карен додека таа се обидувала да го одвои од тепачка со друг маж.

Ножот влегол директно во срцето на неговата мајка, поминал низ целиот орган.

Лекарите во болницата се бореле да ѝ го спасат животот, но жената починала по еден час.

На Џејми (32) му се суди пред судот во Ливерпул. Тој негира дека ја убил мајка си на 22 август 2022 година.

Обвинетиот тврди дека не постапил незаконски велејќи дека случајно ја избол мајка си (55) додека се обидувал да се одбрани од напаѓачот.

Тој рече дека Џејми и Карен се договориле да се сретнат на пијачка во Брамблс околу 19 часот.

Демпси претпоставувал дека ќе се сретне со човек по име Брајан Флин кому му должи 2.000 фунти за дрога, па донел нож за секој случај.

Во пабот Флин двапати му фрлил чаша на Демпси, а тој бил исфрлен од пабот.

Демпси потоа излегол надвор и почнала тепачка меѓу двајцата.

Демпси наводно двапати го избол Флин пред фатално да ја прободе мајка си.

Потоа бил уапсен и дури во притвор дознал дека мајка му е мртва.

Слични Објави