ГДУ ВО ПОТРАГА НА ВИСТИНАТА ЗА ШТИПСКИОТ ЈП „СТИПИОН 2011“

//

„Вчера на прес- конференција нашата политичка партија Граѓанско Демократска Унија од Штип, го постави прашањето кое претставува проблем за граѓаните на Штип, имено локацијата на ј.п „Стипион 2011“. Од Општината со писмена реакција одговорија дека го имаат во предвид проблемот со локацијата на ЈП „Стипион 2011“ и дека благодарение на неодговорното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ, биле отуѓени старите гаражи на ЈП „Стипион 2011“, со што јавното претпријатие е доведено во состојба да нема соодветни гаражи и простор за одлагање на материјалите за работа.

Граѓанско Демократска Унија – Штип, прашува:

1. Во кој период се отуѓени старите гаражи на ј.п „Стипион 2011“?

2. Кои се советниците, со име и со презиме конкретно, од Советот на Општина Штип, кои ја поддржале одлуката за терените и старите гаражи на ј.п „Стипион 2011“, да бидат продадени на приватен инвеститор?

Сето ова е со цел, штипската јавност да дознае благодарение на кои луѓе, денеска во центарот на градот се жртви на бука на хаос и на прашина.



3. Во кој период од време, локалната самоуправа, ќе се ангажира да го реши конкретниот проблем и гаражите ќе бидат дислоцирани?“, се вели во писмената реакција на ГДУ-Штип.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ГО УНИШТИ ОХРИД И МУ ГО ЗАГРОЗИ СТАТУСОТ НА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ НА УНЕСКО

Следна статија

МИЦЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ СЕКОГАШ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА И НА ГРАЃАНИТЕ

Најново од Вести