КОСТАДИНОВ: ВО 1994 Г. ЗА ВМРО-ДПМНЕ СИЛЈАНОВСКА БЕШЕ ТРАНЗИЦИСКА ПРОФИТЕРКА
Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
За време на нејзиниот мандат како министерка во првата влада во независноста, нејзиниот сопруг добива бизнис со фри-шоп, во тоа време е еден од најдоходовните бизниси, вели уште Костадинов.
Таквиот чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, во тоа време наидува на жестока критика токму од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Според портпаролот на СДСМ од собраниските архиви станува јасно дека Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била „симбол на правото и правдата“, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка.