ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ АВТОР МИЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Во 85-тата година од животот почина е познатиот македонски писател Миле Неделковски.

Миле Неделковски е роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Бил уредник во издавачката куќа „Култура“. Член на ДПМ од 1963 година. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Рациново признание“.

Автор е на романот „Подгревање на вчерашниот ручек“ според кој беше снимен бугарско македонскиот филм „”Подгряване на вчерашния обяд”, на режисерот Костадин Бонев.

Негови дела се:

Срце од злато (поезија, 1963)

Јужно лето (поезија, 1964)

Улавиот од Преспа (поема, 1965)

Јавачи на ветар (раскази, 1967)

Пепелаши (роман, 1968),

Еретикон-еротикон (поезија, 1969)

Трненки (роман, 1972)

Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974)

Пандур (роман, 1982)

Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983)

Недела ден за каење (поезија, 1984)

Битпазар стилски вежби, ете… (поезија, 1984)

Прозорец што гледа на улица

Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985)

Потковица на смртта и надежта (роман, 1986)

Петрафил за вечната земја (роман, 1988)

Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988)

Огледала на сенките (поезија, 1989)

Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (роман, 1991)

Логоманија (есеи, 1996)

Празникот на светите маченици (роман, 1996).

За поетското остварување „Еретикон-еротикон“ Неделковски ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ во 1969 г.