ДА СЕ ГЛАСА ПРЕД ИЗБИРАЧКИТЕ МЕСТА

Пред официјалниот старт на кампањата, како одговорна партија, сакаме да укажеме на некои важни работи од исклучителна важност за заштита на здравјето на граѓаните.

Во оваа ситуација, кога бројот на ново-заразени и починати, од ден во ден, рапидно расте, Македонија се подготвува за избори. Тие мора да бидат фер и демократски а на граѓаните неминовно е да им се овозможи, без страв, да го остварат своето право на глас. Затоа предлагаме избирачките одбори наместо во затворени простории да бидат на отворено, односно да се гласа пред избирачките места. Со тоа граѓаните ќе бидат посигурни кога ќе дојдат да го остварат своето право.

Апелираме и таканаречените „големи“ партии да престанат со негативната кампања и да се фокусираат на реалните проблеми во оваа држава. Исто така ги предупредуваме дека големите собири, митинзите и се она што е спротивно на здравствените протоколи, може да придонесе за влошување на и онака критичната состојба.

На граѓаните треба да им се гарантира дека нивното здравје нема да биде загрозено за време на кампањата и на самиот ден на гласањето.

ГДУ ќе ги почитува сите препораки во текот на кампањата, но сметаме дека нашите предлози се од исклучителна важност за поголема сигурност на граѓаните во текот на изборниот ден.

(Целата колумна на Димo Петкоски прочитајте ја на www.faktor.mk)