| |

(Фото) Округот Кук усвои резолуција за 80 години од бугарската црква „Св. Софија“ во Чикаго

Одборот на округот Кук во Чикаго усвои специјална резолуција по повод 80-годишнината од основањето на Бугарската православна црква „Св. Софија“, соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, во објава на Фејсбук.

„Резолуцијата е признание за генерациите Бугари кои во изминатите осум децении ја граделе црквата и ја претвориле во духовен дом и место за зачувување на верата, јазикот, традициите и врската со Бугарија“, стои во објавата на Станков.

На седницата, заедно со генералниот конзул, присуствувале и претставници на бугарската заедница во Чикаго.

Станков им се заблагодари на претседателката на округот Кук, Тони Преквинкл, на комесарите и особено на комесарот Кевин Борини Морисон, кој ја поднел резолуцијата.

„80 години „Св. Софија“ – 80 години бугарски дух и заедница во Чикаго“, пишува генералниот конзул Станков.



Слични Објави