Османи: Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес

ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Toj процес е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на панелот на министри за надворешни работи „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, што се одржа денеска во рамки на Дубровник форумот.

Османи направи осврт на неодамна одржаниот Преспа форум за дијалог во Охрид, севкупниот реформски контекст поврзан со формалниот почеток на преговори со ЕУ, како и односот и очекувањата на земјите кандидати и претенденти за членство во ЕУ. Целиот напис можете да го видите овде.



Извор: Зоом.мк

Претходна статија

Нови 13 случаи на коронавирус, нема починати

Следна статија

На Табановце за влез во државата се чека до еден час

Најново од Вести