УШТЕ ЕДНА ДЕВОЈКА ГО ПРИЈАВИ ТРЕНЕРОТ ПО ЏУДО ОД ПРИЛЕП: СЕКСУАЛНО ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ КАКО ДЕТЕ, ГО ПРИЈАВИЛА КОГА СТАНАЛА ПОЛНОЛЕТНА

//

Четириесет и шестгодишниот Р.П. од Прилеп, инаку тренер по џудо, два месеци е во притвор. Кога во јануари беа поднесени кривични пријави под сомнение дека извршувал полови дејствија врз три малолетни ученички што му биле доверени да ги тренира, во јавноста се крена бура околу овој случај. Два месеци потоа некако јавноста ги подзаборави и тренерот по џудо и случаите за кои е пријавен. Но по пријавата од трите малолетни ученички, додека трае истрагата, уште една девојка се охрабрила да прозборува и да го пријави истиот човек јавува МКД.мк

Според податоците во Обвинителството, девојката што дополнително го пријавила тренерот за сексуално вознемирување и полови дејствија сега е полнолетна, а според пријавата, кога тој ги вршел дејствата, таа била малолетна. Бројот на жртвите во оваа истрага сега е четири.

Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата не се открива, бидејќи по последната пријава се постапува.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ИСПРАЌА ЕКСПЕРТИ ВО СУЕЦ, ЗА ДА ГО ИЗВЛЕЧАТ ЗАГЛАВЕНИОТ ТОВАРЕН БРОД

Следна статија

СДСМ: БОЈКОТОТ НА ПОПИСОТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО

Најново од Вести