СДСМ: БОЈКОТОТ НА ПОПИСОТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО

//

Пописот во април ќе се спроведува со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот. Здравјето на сите, како на граѓаните, така и на попишувачите ќе биде целосно заштитено, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект, уверува СДСМ..

„ Со оваа најмасовна и најсложена статистичка операција, ќе се добијат целосни, релевантни и сеопфатни податоци за структурата на населението, на домаќинствата и становите, кои се од особена важност за државата, институциите, општините, но и за бизнис секторот и граѓанските организации.

По цели 19 години без попис, неговото одржување оваа пролет е најважна државничка работа и врвен патриотски чин. Тој мора да биде заеднички успех на сите граѓаните, на сите општествени чинители.



Граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и повиците за бојкот на оваа важна статистичка операција. Бојкотот на пописот е кривично дело, постапка која не носи ништо добро за никого, чин што предизвикува штета на државните и национални интереси.

Преку учество во процесот на попишување секој поединец дава свој придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место“ се додава во соопштението.

Претходна статија

УШТЕ ЕДНА ДЕВОЈКА ГО ПРИЈАВИ ТРЕНЕРОТ ПО ЏУДО ОД ПРИЛЕП: СЕКСУАЛНО ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ КАКО ДЕТЕ, ГО ПРИЈАВИЛА КОГА СТАНАЛА ПОЛНОЛЕТНА

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈАВНА ТАЈНА Е ДЕКА СПАСОВСКИ И НЕГОВИТЕ ЛУЃЕ СО НАРКО КАРТЕЛИТЕ СЕ ВО ПАКТ

Најново од Вести