ОСМАНИ: ГРАЃАНИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА МОЖАТ ДА БИДАТ ПОПИШАНИ И ПРЕКУ НИВНИТЕ РОДНИНИ ВО ЗЕМЈАВА

//

„МНР ги активираше сите механизми за да стигне правата информација до граѓаните во дијаспората. Отворивме телефонски, имавме и средби и затоа сметам дека има доволен временски период за да се попишат што повеќе граѓани во странство“, изјави утрово министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прашањето дали и зошто има слаб одзив на дијаспората од Канада и Австралија во поглед на попишувањето.

Тој уште еднаш ги повика сите граѓани да бидат активни во спроведувањето на пописот.



„Процесот е лесен. Друг механизам е да се попишат и преку нивните роднини и пријатели што се овде, но нормално како дел од дијаспората“, вели Османи.

Претходна статија

НОВ РЕКОРД НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Следна статија

ПОСТОЈАНОТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ Е НЕОДРЖЛИВО И ЗА ЕУ, ВЕЛИ ОСМАНИ

Најново од Вести