| |

ИНСТИТУТ ХРИСТО УЗУНОВ : ДО КОГА ЌЕ МОЛЧИМЕ ?

Почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за коe се собираа пари за лекување. Почина поради инертноста на нашето здравство, на нашите државни органи,затоа што исто така, како и во случајот со Тамара, не беа навремено собрани средства за нејзино лекување во Турција.
Каде е онаа лешинарска фела која од смррта на Тамара градеше политичка агенда, а денес молчат за смррта на Ева? Ниту Тамара ја жалеа, ниту Ева ја спомнуваат. Сега молчат како хиени наранети од телата на две немоќни дечиња, оставени на немилоста на нашиот крахиран систем.Се чувствуваме згрозени од оние парадери кои со мегафони и пароли маршињаа по градот Скопје, заедно со страдалната мајка на Тамара, злоупотребувајќи ја нејзината трагедија, во нивната животинска порив да се бутне еден Министер за здравство, исклучиво од политички и нихилистички побуди.
И Ева е дете. И Ева чекаше милост од нашето Министерство за здравство. И Ева има мајка која нема да ги запре солзите за своето чедо.Но дали имаат барем тронка душа оние кои денес молчат за овој случај? Дали има барем тронка човечност во тие битија обезчовечени? Мирно ли можете да застанете пред огледало да се погледнете? Мислите ли дека борбата завршува кога ќе седнете на функционерските места? Би требало тогаш да започне, затоа што од смррта на тие деца седнавте таму. Од нивната трагедија профитирафте.
Хипокризиите на едно налудничаво општество доживува кулминација. Како и еден актер во ликот на Владо Јовановски кого денес со лисици го внесуваа во судот, наспроти една медиумска ѕверка во ликот на Ивона Талевска, која на голема врата беше ослободена со условна казна, за проневера на милиони евра, баш наменети за набавка на лекови на тие болни дечиња.
Не е време Евангелие да се чита, туку пушката треба да заигра, рече Јордан Пиперката кон поповите кои ги евакуираа селаните од Кичевските села.
Кога ќе заигра кај нас стапот, ама по грбот на оние поради кои страдаме? Дали 100 тина мртви деца годишно не се доволен аларм да кажеме СТОП?
Лончето прикипипува. Политикантите се најголемиот отров на ова наше болно општество и од нив мора да се ослободиме како од ткиво болно со канцер. Пред да го метастазираат целото тело на оваа наша болна и обезчповечена Македонија!

Извор: Институт „Христо Узунов“/ www.conservative.mk

Слични Објави