(ВИДЕО) ВО ДОМ ВО КИЧЕВСКО СРБИЦА ПРОНАЈДЕН АРСЕНАЛ ОРУЖЈЕ – „КАЛАШНИКОВИ“, МИТРАЛЕЗИ, ПИШТОЛИ, БОМБИ, МУНИЦИЈА, ДВОГЛЕДИ…

Две лица, татко и син од кичевското село Србица, се приведени и запленета е поголема количина оружје, во акцијата што вчера е спроведена од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, ОВР Кичево и ОВР Гостивар.

loading...

„При претрес на домот и помошните простории на Х.И. (27) и А. И. (52) во с. Србица, пронајдени и одземени се четири автоматски пушки ‘калашников’, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитралез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје, цевка од тежок митралез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3 500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети“,соопштија од МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, најави дека мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе му бидат предадени на јавното обвинителство.



loading...