| |

ПОЖАР ВО РЕСЕН УНИШТИ ПОКРИВ ОД КУЌА, ТРАКТОР И 700 ГАЈБИ СО ЈАБОЛКА

Голема штета предизвика пожар што се случи вчера на улицата Мите Трајчевски во Ресен.

Пожарот избувнал во магацин за складирање јаболка, при што биле зафатени и покривната конструкција и куќа во сопственост на И. М. и Ж. М., двајцата од Ресен.

Според информациите, опожарен е трактор, дрвена конструкција од натстрешник, дел од покрив и 700 гајби со јаболка.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Ресен.



Слични Објави