ПОЖАР ВО ДВОР НА ТЕТОВСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „НАИМ ФРАШЕРИ”

//

Родители на ученици информираа дека е забележен пожарот кога доаѓале со децата кои одата во втора смена во училиштето.

-Станува збор за опожарена трева и растенија кои неконтролирано се оставени да пораснат веднаш до училишната зграда, изјавија родителите.

Од раководството на училиштето информираа дека веднаш по избувнувањето на пожарот биле повикани пожарникари кои го изгасиле огнот.



-Точно е дека избувна оган во дворот во задниот дел од училиштето. Не знаеме како настана пожарот. Веднаш дојдоа од тетовската пожарна и го изгасија огнот. Нема никаква штета по објектот или инфраструктурата, изгоре само тревата во дворот, информираа од ООУ „Наим Фрашери”.

Претходна статија

ВИДЕО: ТАА ОДБИ 5862 ПОКАНИ ЗА КАФЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЗАВРШИ…

Следна статија

НА ПРАТЕНИЦИ ИМ СЕ ЗАКАНУВА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ АКО ЈА ОТВОРАТ СЕДНИЦАТА ЗА ЈАНЕВА

Најново од Вести