| |

Здружението „Во мојот свет“ прослави 10 години постоење во помош на децата со аутизам и атипичен развој

Здружението „Во мојот свет“ со несекојдневен настан во Зоолошката градина на градот Скопје ја одбележа 10-тата година од своето постоење. Претседателката на Здружението Весна Стојановска и нејзиниот сопруг Златко веќе 10 години работат и ја даваат својата несебична помош на децата со аутизам и атипичен развој.

Специјални гости на настанот беа амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана. Токму Бугарија преку програмата „Бугарска помош за развој“ е и најголемиот донатор за активностите на Здружението „Во мојот свет“, што преку проект од програмата ги изгради своите центрови во Скопје и во Охрид.

Повторно преку проект финансиран од Република Бугарија, здружението ГАММА изработи софтуер за онлаjн обука на родители на деца со посебни потреби и наставници.

На колоритниот настан беа присутни и голем број други невладини организации, кои работат на полето на подобрувањето на статусот на децата со посебни потреби и нивните родители.

Организаторите од своја страна му заблагодарија на директорот на Зоолошката градина Скопје Кристијан Стаменов, заради тоа што им овозможи овој настан да го одржат таму, за радост на гостите и секако на најмилите- децата.

Погледнете ја галеријата од самиот настан, што ја објави на својот Facebook профил Билјана Ангелова, сопругата на бугарскиот амбасадор во РС Македонија.



Слични Објави