Бугарската православна црква влегува во канонска заедница со Македонската православна црква

/

Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.

– Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува, се наваедува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Бектеши – Ќехаја: Косово е важен трговски партнер за Македонија

Следна статија

(Видео) Милотинова: Контролата за исполнување на преземените обврски од РС Македонија треба да биде во Советот на ЕУ, а не во Европската комисија

Најново од Вести