| |

(Видео)Ковачев: Новите членки на ЕУ мора да ги остават старите конфликти пред влезот во заедницата

„Долго време ЕУ вели дека треба да бидеме подготвени да прифатиме нови членови во заедницата, да имаме можност да се прилагодиме на светските предизвици, да бидеме поприлагодливи. Ова го истакна европратеникот Андреј Ковачев во емисијата „Твој ден“ на НОВА ВЕСТИ.

Тој ги цитираше зборовите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, според кој старите конфликти не треба да влезат во ЕУ, туку пред тоа да се случи треба да има помирување. „Им се обраќам на соседите од Скопје, тука се проблемите во Косово и Србија, во Борна и Херцеговина, како и со Хрватите во Црна Гора. Мора да има помирување пред да заврши чинот на полноправно членство во ЕУ“, рече Ковачев.

Како што јави бугарската дописничка на БТА од Скопје, Маринела Величкова, во Република Македонија има политичка тензија поврзана со почетокот на процедурата за членство во ЕУ.

Според неа, важно е што ќе направи РСМ за уставните измени. Во Република Македонија има недоразбирање што е ЕУ, дури сега почнуваат да сфаќаат дека во ЕУ има правила.

Ковачев е категоричен дека земјите што аплицираат мора да си ја завршат работата. Да се разделат со југоносталгијата.

„Се додека тие (во РСМ) не разберат дека во нивна полза е да имаат помирување со Бугарија, тогаш можат да бараат сојуз со Путин или некој друг“, посочи европратеникот.

Целиот разговор со европратеникот д-р Андреј Ковачев и дописничката на БТА во Скопје Маринела Величкова можете да го проследите во видеото што следи:



Слични Објави