Денков-Габриел: Влезот во Шенген зоната останува основен приоритет за Бугарија
Бугарија ги нема променето приоритетите за членство во Шенген, и покрај приговорите на Холандија и Австрија. Ова го истакна бугарскиот премиер академик Николај Денков за време на првата парламентарна седница на бугарското Народно собрание по летниот одмор. Денков прецизираше дека за Холандија е важна ефикасноста на правосудниот систем, а за Австрија е важно справувањето со илегалната миграција, јавува БНР
„Во овој поглед, приоритетите не се променети. Само треба да продолжиме со истото темпо. Ако можеме и да го забрзаме, така што двете земји ги изгубат сите аргументи што ги користеа досега, обидувајќи се да ја спречат Бугарија да стане дел од Шенген“, вели премиерот Денков.
Вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел ги повика пратениците исто така активно да работат за да ги убедат партнерите за потребата од членството на Бугарија во Шенген:
„Ова треба да биде нашата главна линија. Ние треба да бидеме членка на Шенген зоната, не затоа што ги исполнивме техничките критериуми, туку затоа што со членството на Бугарија и Романија во Шенген зоната, всушност можеме да придонесеме за нејзино зајакнување и -добро функционирање“, изјави Габриел пред бугарските пратеници.

