Столтенберг: Целта на Русија е да го заземе целиот Донбас

/

Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија не се откажува од инвазијата врз Украина, но оти следните седмици ќе се обиде целосно да го освои регионот Донбас.

– Сега гледаме значително движење на (руските) трупи подалеку од Киев за да се прегрупираат, повторно да се вооружат и да се снабдат и да го префрлат нивниот фокус на исток. Во следните недели очекуваме натамошен руски притисок во источна и јужна Украина и ќе се обидат да го заземе целиот Донбас и да формираат копнен мост до окупираниот Крим, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Столтенберг посочи и дека сојузниците на НАТО се решени да испорачаат дополнително оружје за Украина.



Руските трупи го зазедоа јужниот украински регион Крим пред осум години.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Кремљ го предупреди Западот: Размислувајте со своја глава, ова е монструозно

Следна статија

Џудо-тренер од Прилеп доби 20 години затвор за обљуба на малолетнички

Најново од Вести