ВОЗАЧ НА КИПЕР ЗАГИНА ПО ПАД ВО ИСКОП

Педесет и седумгодишен кумановец кој управувал со товарно возило кипер при работа во каменолом паднал во ископ и починал.

Случајот во полиција е пријавен вчера во 20:50 часот од страна на М.Љ.(41) од селото Сопот, кумановско, вработен во каменоломот.

Извршен е увид од страна на екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. Телото на починатиот П.С. по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.