| |

ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА РЕДОВНО СЕ ГРИЖИ ЗА ЧИСТОТАТА ВО КАРПОШ

Со доаѓање на новото раководство во Општина Карпош, предводено од градоначалникот Стефан Богоев, се  преземаа низа  нови мерки за подобрување на хигиената и заштита на животната средина на територијата на локалната самоуправа. Се зголеми бројот на работници, задолжени за одржување на хигиената во Општината, од  90 на 106, што значи, дополнителни 16  работници се ангажирани за одржување на чистотата. Исто така, освен единственото возило  за собирање на смет и отпад, се набави и друго такво, и посебно камионче за собирање на лисја и гранки, со што Општина Карпош денес  располага со три  специјализирани  наменски возила кои ја одржуваат хигиената. Работниците кои се грижат за хигиената, дополнително  и за време на викендите ( сабота/ недела), работат на терен, одржувајќи ги површините, и исто така секоја седмица, се организираат минимум две поголеми акции, за собирање на смет и отпад  на претходно мапирани  локации каде што е создадено поголемо количество на отпад. Општина Карпош исто така , редовно се грижи за навремено косење  на  тревата  и  тревните  површини.

Општинските служби ќе продолжат и понатаму, постојано да се грижат за одржување на јавната хигиена, и  заштита на животната средина, и во оваа пригода,  апелираме до граѓаните, отпадот и шутот да го фрлаат на местата кои се предвидени за таа намена, се вели во реакцијата на Општина Карпош во однос на конференцијата за печат на ВМРО-ДПМНЕ, за чистотата во општина Карпош.



Слични Објави