ЗАЕВ: ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,ЕВРОПА НЕ ОЧЕКУВА
Со интонирање на државната химна беше отворена кампањата „Излези за Европска Македонија“.
„Денес е важен ден за иднината на Македонија стоиме пред еден настан што ќе влијае на иднината пред нас. Ние сме движење што заеднички и отделно ќе ги повикаме граѓаните да излезат на референдум“-изјави премиерот Заев на отворањето на кампањата „Излези за европска Македонија“. Заев додаде дека во движењето за успешен референдум се вклучени околу 100 субјекти.
„Од денес ќе ги броиме деновите до референдумот за Европска Македонија. Има врска меѓу референдумот од 8 септември 1991 и референдумот на 30 септември 2018 г. Со референдумот ќе и обезбедиме сигурна иднина на република Македонија. Сите граѓани ќе бидат заедно за Европска Македонија. Време е Македонија да тргне по вистинскиот пат. Исправени сме пред прашање што е поголемо и поважно од сите политички партии. Иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии. Коалицијата „За европска Македонија“ е отворена за сите кои веруваат дека патот на Македонија е кон Европската Унија, а НАТО е наш природен сојузник- истакна Заев во своето обраќање. Тој рече дека е свесен за критиките што доаѓаат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на договорот со Грција но додаде дека опозицијата не смее да ја пропушти шансата да учествува во донесувањето на толку важна одлука во историјата на Македонија. Заев стави акцент и врз придобивките од ЕУ и НАТО, коишто според него ќе бидат почувствувани од сите граѓани. Премиерот изјави дека 50 милиони евра ќе влезат во македонскиот буџет од ЕУ уште во 2019 г, додавајќи дека тие пари од европските фондови ќе се зголемуваат со текот на времето.
Заев своето обраќање го заврши со зборовите: Почитувани ѓраѓани Европа не очекува.

