УТРЕ ЗАПОЧНУВА ГАЛИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Галичник од утре до 22 август ќе биде домаќин на девет странски и домашни уметници кои ќе се инспирираат и ќе творат во рамки на годинешната ликовна колонија.
На колонијата ќе учествуваат Тошихиро Сахума од Јапонија, Џили Ависар од Израел, Танасис Раптис од Грција, Пјотр Пиаста од Полска, Ирена Сладоје од Босна и Херцеговина, Стеван Којич од Србија, Моника Мотеска, Роберт Јанкулоски и Јана Луловска од Македонија. Куратори на колонијата која веќе деветта година се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа уметности се Сања Којуч- Младенов од Нови Сад и Ана Франговска од Македонија.

Покрај престојот и работата во селото Галичник, уметниците ќе имаат можност да посетат и некои од околните села и да ги видат природните убавини на овој крај, ќе го посетат манастирот „Св. Јован Бигорски“, а ќе биде организирана и посета на градот Охрид.



Слични Објави