КРИВИЧЕН ДЕМАНТИРА: ПАСОШОТ НА МИЈАЛКОВ НЕ Е ВРАТЕН
Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Оттаму додаваат дека кривичниот совет на скопска единица воопшто не расправал по барање за укинување на мерките за претпазливост за обвинетиот Мијалков. Од специојалното јавно обвинителство потврдија дека тие не добиле барање со кое Мијалков бара да му биде вратен пасошот за да дадат мислење.

