МАГАЗИН.МК: ВРАТЕН ПАСОШОТ НА САШО МИЈАЛКОВ
Во текот на вчерашниот ден, додека се подготвуваше седницата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и обидот на Мијалков за смена на актуелниот претседател, Мицкоски, СЈО го “награди” обвинетиот со враќање на патната исправа, јавува дпмневскиот портал Магазин.мк. Дали пасошот на Мијалков е вратен, за да може поранешната икона на ДПМНЕ да обезбеди мнозинство и во грчкиот парламент, бидејќи како што е јасно Панос Каменос нешто се бунтува, останува да видиме.