|

Одбележуваме 146 години од раѓањето на револуционерот и припадник на ВМОРО Лазар Крајнов

На 12-ти ноември 1878 г. во разложкото село Годлево е роден видниот обштественик и револуционер на ВМОРО ЛАЗАР ТОМОВ КРАЈНОВ со псевдоним Хорациј, председател на Серскиот окружен комитет.

Прво учел прогимназија во Банско, а потоа Бугарско педагошко училиште во Ќустендил. Во гимназијата заедно со други ученици организираат Младинско македонско друштво. Станал учител во Мехомија (Разлог) и во тоа време Гоце Делчев доаѓа во Банско. Во ноември 1896 г. Л. Томов дава заклетва за член во Организацијата пред Г. Делчев. Потоа го уредува првиот револуционерен комитет во Мехомија. Покасно е назначен за главен учител во Банско и ги инспектира училиштата во целата околија. За време на Илинденско-Преображенското востание бил војвода на чета во Разложко. По востанието завршил историја и филологија на Софискиот универзитет. Покасно учителствувал во Бугарското педагошко училиште во Сер и станал председател на окружниот комитет на ВМОРО. Бил делегат на Рилскиот конгрес од 1905 г. Прогонуван од властите бега во Бугарија и учителствува во Бургас. По Младотурската револуција се враќа во Македонија и работи како училишен испектор во Неврокоп. Потоа бил учител во Сер и Скопје. За време на Првата светска војна се бори во Бугарската армија. После војната предавал во гимназија во Софија. Бил председател на Илинденската организација во Бугарија и учесник во дејноста на македонските братства. Го редактира в. ИЛИНДЕН и учествува во подготовката и издавањето на Албум-алманах МАКЕДОНИЈА. Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Во 1941 г. се враќа во Скопје и учествува во формирањето на месен клон на Илинденската организација во Битола. На 4-ти мај 1943 г. одржува пламен говор на местото на гибелта на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт. После војната тој и други видни стари македонски револуционери објавуваат специјална декларација против југословенските претензии према Пиринска Македонија.

Лазар Томов умира 1961 г. во Софија.

“За стабилизирањето на Бугарија како самостојна и независна држава голем дел се паѓа на Охрид каде што се подвизуваше големиот Бугарин Климент Охридски и неговите соподвижници – седмочислениците Св. Наум, Сава, Ангелариј и др. Великото дело на Климент со својата просветна дејност и своите многубројни ученици, учители и свештеници го турна напред Бугарскиот народ во просветен и стопански однос и го постави на соодветна висина.

Македонските Бугари многу му должат на Охрид во својата епска борба за слобода и обединување.

Четириесет години не’ делат од великиот подвиг на македонските и тракиските Бугари – Илинденското востание, кое го зачуди светот со херојските подвизи на борците и нивната саможртва за слободата на Родината. На 2-ри август 1903 г. во полите на Бигла избувна првата бомба. Во горите на волшебниот Пирин, белоснежната Шар планина, историската Беласица и Странџа, еден повик се понесе „Слобода или смрт“.

Главното огниште на таа неравна борба беше југозападна Македонија. Со нечуени и невидени подвизи се пројавија и другите револуционерни окрузи: Скопски, Солунски, Серски и Одрински.

Охрид и охридско зедоа живо учество во востанието, кое се раководеше од Христо Узунов и др. војводи. Обшто во Македонија и Одринско станаа 239 борби во кои што паднаа 994 четници. 4694 души беа убиени, 30 000 избегаа во Бугарија. Ослободениот брат не остана глув на болките и страдањата кои идеа од братската робска земја. Во војните од 1912-1918 г. тој даде илјади и илјади жртви и го покри со незаборавна слава Бугарското оружје во ред херојски подвизи низ македонските и одринските полиња и планини. Слободата на браќата робови пак не дојде. Родината ни беше ограбена и разпарчена.

И денес, по случај од 40 години од славната Илинденска епопеја, ние го доживеавме тој велик момент да ја манифестираме нашата радост за слободата и обединувањето на Бугарскиот народ.“

ИЛИНДЕН И ОХРИД, 1943 г.

“Драги браќа Бугари, со неизмерна радост и со изблик на најсрдечни чувства идеме речиси од сите краишта на убавата бугарска земја да се поклониме пред светлата памет на големиот бугарски син Гоце Делчев и на неговите достојни другари Д. Гуштанов, Евстати, Стефчо и Кољо паднати во борба против вековниот враг… Напоредно со тоа ние идеме да ја споделиме со Вас големата радост по случај ослободувањето на Вашиот крај, како и да се прашаме, кои беа творците на тоа велико дело, врз коските на кои се создаде слободата на нашата скапоцена родина.“

НА ПОКЛОНЕНИЕ НА ЛОБНОТО МЕСТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, 1943 г.

Слични Објави