| | |

(Видео) Бугарски режисер за Ален Делон: Тој беше одличен актер и достоен човек, од првиот ден на војната застана на страната на Украина

Од првиот ден на сеопфатната руска агресија, Ален Делон ја поддржа Украина, потсети бугарскиот филмски режисер Евгениј Михаjлов, јавува Фактор.

Михаjлов му посвети трогателни зборови на легендарниот актер кој нѐ напушти вчера на 88 години.

„Ѕвездата се искачи на небото! Легендата останува засекогаш на земјата и во срцата на милиони гледачи!
Ја имав среќата во 2000 г. животот да ме сретне со Ален Делон. Освен што беше одличен актер, Ален Делон беше и достојна личност.
Од првиот ден на руската војна против Украина, Делон застана на страната на Украина. Тој дури рече дека да беше помлад ќе ја бранеше земјата нападната од Путин со оружје во рака.
Поклон!
Светло да ти е, достоен маестро!“, напиша Евгениј Михајлов на својот Фејсбук профил.



Слични Објави