Словенија ја потврди својата поддршка за прием на Бугарија и Романија во Шенген
Словенија ја потврди поддршката за приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната, јавува БТА.
Ова стана јасно по разговорите меѓу бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и словенечкиот премиер Роберт Голоб во Блед, каде се одржува традиционалниот Стратешки форум.
Според словенечкиот премиер, членството на Бугарија и Романија во Шенген ќе ја зајакне Европската унија.
