Благоевград: Финализирање на евалуацијата на стратешкиот проект за изградба на новиот граничен премин Струмјани – Берово
Обласната управничка на Благоевград Марија Димова го посети местото каде што треба да се изгради новиот граничен премин Струмјани – Берово. Обласната управа во Благоевград е основен бенефициент на проектот. Местото беше посетено и од Комисијата за евалуација од двете земји партнери – Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и партнерите од царинската управа на Република Северна Македонија. За време на посетата беше констатирана фактичката состојба на граничната инфраструктура.
Работата на комисијата завршува следната недела, а договорот за финансирање на проектот ќе биде потпишан до крајот на октомври.
Главната цел на проектот е да се подобри поврзаноста во регионот и да се стимулира економскиот раст преку олеснување на сообраќајот на луѓе и стоки, зајакнување на комуникациските врски и олеснување на пристапот до основната мрежа, вклучително и поврзувањето со транспортните коридори IV и VIII.
„Денешната посета на терен е и можност да ја истакнеме важната улога на нашата соработка и заеднички напори во насока на создавање подобра иднина и нови можности за нашиот регион“, истакна обласната управничка Марија Димова.
Меѓу двете земји постои договор за изградба на новиот граничен премин од 1999 година, а неговото прогласување за национален проект ги олеснува процедурите поврзани со Законот за територијално планирање, одобрувањето на деталните развојни планови, експропријацијата и сл.