Филипов: Направивме доволно компромиси со РСМ
Христијан Мицкоски, ако е политичар, дали сфаќа дека неговата реторика ја зголемува непопустливоста на бугарската политичка класа во однос на Република Северна Македонија? Ова прашање го постави Костадин Филипов, долгогодишен дописник на бугарски медиуми во Скопје, во етерот на програмата „Бугарија, Европа и светот во фокус“ на Радио „Фокус“ по повод едно од последните телевизиски интервјуа на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека Бугарија и Европската унија мора да покажат дека навистина ја сакаат Република Северна Македонија.
„Христијан Мицкоски може да зборува што сака, тој долго време е во изборна кампања во Република Северна Македонија, тој си легнува и се буди со повикот да се оди на предвремени парламентарни избори во земјата, затоа што мисли дека може да победи на овие можни избори и да ја предводи новата влада на Република Северна Македонија. Нема ништо ново во оваа реторика што ја користи кон Република Бугарија и Европската Унија, кои треба да дадат некои нови знаци дека сакаат Република Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Во такви случај секогаш се прашуваме: Која земја е кандидат за членство, Република Бугарија или Република Северна Македонија, за ние да обезбедиме некакви нови докази, да направиме некакви нови отстапки. Толку години не можам да ја разберам нивната логика“, коментира Костадин Филипов.
Според него, Бугарија веќе направила доволно компромиси: „Во принцип, кога има некаков дијалог или се прават компромиси, целта е да се најде решение, да се направат компромиси од двете страни. Сега ми се чини дека направивме доста компромиси од нашата позиција. Се добива една нерамноправна позиција во дијалогот што се води.На крајот на краиштата сега сме во изборна кампања за локалните избори, гледам дека темата не се врти многу во изборната кампања на кандидатите и фала Богу. Има некои исклучоци, смешни исклучоци, но тоа не е важно? На крајот на краиштата, Република Северна Македонија потпиша договор со Европската Унија, сакале ние или не, е друго прашање , но ние го изгласавме во парламентот. Република Северна Македонија, треба да се средува со Европската Унија, ако сака да стане членка“, потенцира Филипов.