Секуловска: И после 70 и кусур години , никој не сака да го отвори прашањето за жртвите на комунизмот!
„Цела фамилија ми страдаше, еден, комунист, Петар ,ликвидиран на Голи Оток, на првата слика , потоа Глигур , на втората слика , брат на дедо ми, 12 години во Добој, па дедо ми 14 години во Идризово , и баба ми, две години во Идризово. Им беа одземени околу милион и пол илјади евра на фамилијата , во денешна против вредност , или тогашни 2000 наполеони, потоа куќи, дуќани…..“ пишува на својот профил на социјалната мрежа Facebook Ели Секуловска, потомка на познатото револуционерно семејство Секулови од Битола.
„Според досегашните мои истражувања , главниот мотив за ова злодело што беше направено над мојата фамилија беа парите кои требаше да им се одземат , моите да се направат виновни во монтирани судски процеси па некој да си го присвои сето тоа за себе , а ние многу добро знаеме кој. Срам да ви е! Срам да ви е!“, додава Секуловска во својата објава на Facebook.

